- Овие услови за користење ги дефинираат правилата и условите за користење на софтверските пакети на ОБЦ РЕВОЛУТИОН ДООЕЛ.
- Со користење на нашите услуги, Вие се согласувате со овие услови. Ве молиме да ги прочитате внимателно.
- Сите лични податоци кои ги внесувате во текот на регистрацијата се чуваат на нашиот сервер кој користи современ софтвер со соодветна заштита, односно енкрипција. Податоците запишани во нашата база на податоци не се споделуваат, ниту пак се продаваат на трети лица, а истите, Вие како корисници и потрошувачи сте самите согласни да ги внесете, со што при внесувањето целосно ги прифаќате нашите услови и правила.
- Малолетни лица не смеат да ги оставаат нивните податоци без дозвола од родител или старател. Родителите или старателите се должни да им го појаснат на своите малолетни деца законот за заштите на личните податоци.
- Сите собрани податоци од наша страна се користат ЕДИНСТВЕНО за извршување на испорака на услугите.
- Податоците кои ги запишуваме во нашата база на податоци се чуваат само додека сте наши корисници, а по истекување на користењето на нашите услуги, истите се бришат од нашата база на податоци.
- Во горе споменатите точки е опфатена целокупноста на значењето на употребата и заштитата на личните податоци, а истата е спроведена согласност законот за заштите на лични податоци, издаден во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 7/05 и 103/08.
- Корисниците на нашите услуги се должни да ги почитуваат правилата за користење на нашите услуги и да не ги злоупотребуваат истите.
Со користење на нашите услуги се согласувате со следните правила:
1. Не смеате да ги користите нашите услуги за нелегални активности.
2. Не смеате да ги користите нашите услуги за спамирање.
3. Не смеате да ги користите нашите услуги за напади на други корисници.
4. Не смеате да ги користите нашите услуги за кршење на законите на Република Северна Македонија.
5. Не смеате да ги користите нашите услуги за кршење на законите на другите земји.
- За да овозможиме поголема безбедност, постојано ги надгледуваме нашите сервери и сите активности на нашите корисници, за што корисниците се целосно согласни.
- Во случај на злоупотреба на нашите услуги, корисникот може да биде исклучен од користење на нашите услуги.
- Во случај на злоупотреба на нашите услуги, корисникот може да биде пријавен на надлежните органи.
- Во случај на протекување на информации од нашите сервери, ОБЦ РЕВОЛУТИОН ДООЕЛ не презема никаква одговорност.
- Во случај на губиток на податоци од нашите сервери, ОБЦ РЕВОЛУТИОН ДООЕЛ не презема никаква одговорност. но притоа се обидуваме да ги заштитиме нашите корисници од непријатности и чуваме резервни копии на сите податоци на дневно и месечно ниво на други геолокации, со што ги обезбедуваме во повеќето случаи нашите корисници со поврат на податоците до моментот на губитокот.
- Корисниците на нашите услуги се должни да ги почитуваат правилата за користење на нашите услуги и да не ги злоупотребуваат истите, бидејќи одговорноста паѓа на секој корисник одделно.
- На нашата веб апликација користиме т.н. колачиња за да ги подобриме нашите услуги и да ги подобриме нашите корисници.
- Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на Вашиот компјутер или мобилен уред кога ја користите нашата веб апликација.
- Колачињата се користат за да ги запомниме Вашите поставки и да ги подобриме нашите услуги.
- Колачињата не содржат информации за Вас како личност, туку само за Вашиот компјутер или мобилен уред.
- Колачињата не се користат за да ги следиме Вашите активности на интернет.
- Со прифаќање на овие услови, Вие се согласувате со користење на колачиња.
- Овие услови може да се променат од страна на ОБЦ РЕВОЛУТИОН ДООЕЛ без претходна најава. Ве молиме да ги прегледувате редовно.
- Доколку имате потреба од појаснување или имате прашања во врска со условите за користење, Ве молиме контактирајте нè на е-маил
- Последна промена: 7 август, 2024